Oчекувајте повеќе од автоматиката за регулирање на температурата
Ние применуваме модерни технологии на скоро сите полиња од нашето секојдневие. Зошто да не ги применуваме и при регулирање на температурата во нашиот дом? Соодветна температура во домот има одлучувачка улога за да се чувствуваме пријатно.
Како би било кога нашето греење ќе може да ја регулира температурата согласно нашите потреби? Откирјте ја НЕА СМАРТ 2.0: регулатор за температура во секоја поединечна просторија, од кој навистина можете да очекувате повеќе.
Повеќе паметни функции
Регулаторот за температура во поединечни простории НЕА СМАРТ 2.0 обезбедува соодветна температура во вистинско време и тоа индивидуално за секоја просторија посебно.
НЕА СМАРТ 2.0 го учи однесувањето на греењето и негово користење од наша страна и потоа автомтски се подесува – без потреба нешто да правиме. А ако сепак сакаме мануелно да подесиме, имаме можност во секое време: или на самиот уред од било кое место на светот преку соодветна апликација, или преку гласовно управување преку Амазон Алекса.
Поголема удобност, благодарение на гласовното управување
Дома, начесто постојано имаме нешто за работа – или пак сакаме во мир и тишина да се одмориме. Сега, температурата во домот можеме да ја подесуваме со говор.
Сеедно дали готвиме или пак се одмараме на каучот: Благодарение на НЕА СМАРТ 2.0 температурата во домот ја регулираме со говор. На тој начин не мора да ја оставаме работата која ја работиме во моментот или пак да стануваме од кревет за да ја подесиме саканата температура.
Постојано пријатно чувство
За наишиот дом сакаме доследни решенија, кои одговараат на нашиот живот. Од решенијата на РЕХАУ навистина можете да очекувате повеќе. Имено сите компоненти – од цевките за подно греење па се до регулаторот за температура– доаѓаат од иста рака и перфектно се меѓусебно компонирани. Тие се флексибилни, долготрајни и сигурни. И овозможуваат повеќе функции и удобност.
Заштедете повеќе енергија со Геофенсинг.
Нашиот паметен телефон точно знае, кога доаѓа следниот автобус, или каде да најдеме сервис и слично – зашто не би можело и нашето греење да знае кога сме дома или кога ја напуштаме куќата?
НЕА СМАРТ 2.0 го овоможува тоа. Благодарение на Геофенсинг технологијата подното греење ќе грее само тогаш, кога сте дома или пак кога сте на пат за дома. Тоа заштедува енергија и ја штити околината.
На овој начин функционира Геофенсинг технологијата:
Кога сте дома, НЕА СМАРТ 2.0 ја подесува соодветната температура за пријатна клима.
Кога го напуштате домот, НЕА СМАРТ 2.0 ја намалува температурата и заштедува енергија.
Подобар дизајн
Нашиот дом го уредуваме грижливо и внимаваме да соодветствува на нашиот вкус. И овде можеме да очекуваме повеќе од НЕА СМАРТ 2. Регулаторот за температура овозможува висококвалитетна оптика и елегантен дизајн во две атрактивни бои: дискретна и незабележителна бела или пак нагласена црна. Дополнително воодушевува безвременскиот ЛЕД матрикс екран и дискретната светлечка рамка. На тој начин НЕА СМАРТ 2.0 совршено се вклопува во нашиот дом во кој секогаш се чувствуваме пријатно.
НЕА СМАРТ 2.0 – Секогаш вистинската температура
Целосен преглед за регулаторот за температура НЕА СМАРТ 2.0 има во брошурата која можете да ја симнете.
Дознајте повеќе за површинското греење и ладење:
Имате прашања за регулаторот на собна температура НЕА СМАРТ 2.0?