Информации за заштита на податоците НЕА СМАРТ 2.0
РЕХАУ се радува што одлучивте да го користите нашиот систем за регулирање НЕА СМАРТ 2.0. Подолу ќе дознаете како се обработуваат личните информации собрани во врска со користењето на системот.
Кои податоци ги чуваме?
Со користењето на апликацијата РЕХАУ за Вашиот систем за регулирање НЕА СМАРТ 2.0, се зачувуваат податоците што сте ги внеле.
Може да ги снимиме следниве податоци:
- Податоци за контакт, на пр. име, адреса, адреса на е-пошта, телефонски број
- Податоци за Вашата сметка на РЕХАУ, на пр. име, адреса на е-пошта, претпочитан јазик
- Податоци за плаќањето, кога користите услуги што се плаќаат или нарачувате производи кај нас
- Податоци за инсталацијата за греење/ладење, на пр. број на простории, имиња на просториите и зоните што сте ги доделиле, задолжителни и постојни температури итн.
- Податоци за локацијата на Вашата инсталација за греење/ладење и локацијата на поврзаните мобилни уреди
- Сите инсталации за греење/ладење што ѝ се доделени на Вашата сметка на РЕХАУ
- Други апликации на РЕХАУ што ѝ се доделени на Вашата сметка на РЕХАУ
- Податоци за користењето како програми за време, времиња на годишни одмори што ги наведувате во апликацијата
- Податоци за уредите, на пр. за користените паметни телефони, таблети или други уреди, вкл. нивниот тип, идентификацискиот број на уредот, оперативниот систем и другите услуги поврзани со нашата апликација. Овие податоци исто така може да ја содржат и IP-адресата, како и провајдерот за интернет и мобилна телефонија.
- Вашите повратни информации за анкети или маркетиншки промоции на РЕХАУ во кои учествувате
- Вашата комуникација со нашето одделение за поддршка, на пр. преку е-пошта, телефон или социјални медиуми
- Податоци за контакт на инженерот за греење или сервисниот партнер, доколку ги наведете истите
Ве молиме да ни помогнете во ажурирањето на Вашите податоци, информирајќи нè за промените во Вашите лични податоци, особено за Вашите податоци за контакт.
За што ги користиме Вашите податоци?
Ние ги користиме сите податоци што сте ни ги ставиле на располагање, со цел да Ви го понудиме целосниот опсег на функциите и на системот за регулирање. Правната основа за оваа обработка е чл. 6 I б. б од ГДПР.
Вие може да одлучите дали ќе ни ги ставите на располагање сите потребни информации и на тој начин ќе добиете пристап до целосниот опсег на функциите.
На пример, наведувањето на адресата е потребно за да може да се прикажат податоците за времето на локацијата на системот за регулирање. Вашата адреса на е-пошта ја користиме за да Ве известиме за ажурирања на системот, доколку во одделни случаи не е можно или не е предвидено автоматското ажурирање.
За секој мобилен уред на кој е инсталирана апликацијата НЕА СМАРТ 2.0, може индивидуално да одлучите дали ќе ја користите функцијата геофенсинг. Кога ќе ја активирате функцијата, тековната локација на Вашиот мобилен уред ќе се утврдува редовно. Утврдувањето на локацијата исто така е активно и во заднина, кога апликацијата е затворена. При користењето на оваа функција може да профитирате од намалувањето на греењето или ладењето во Вашата зграда, кога корисникот не е таму. Греењето може да се активира автоматски додека се наоѓате на пат кон дома. На овој начин се постигнува уште поефикасен начин на функционирање на Вашиот систем за греење/ладење.
Понатаму, системот испраќа измерени вредности од работата на постројката на сервер. Овие измерени вредности се обработуваат за да Ви презентираат различни проценки во апликацијата. Проценките, на пример, ги вклучуваат текот на собните температури и влажноста на воздухот во просторијата, како и напомени за заштеда на енергија.
Доколку во апликацијата поставите имиња на просториите, податоците се користат за зачувување и повторно користење на еднаш извршените поставки. Со тоа исто така се избегнува различни членови на семејството да извршуваат меѓусебно спротивставени внесувања или поставки. Исто така, за понатамошните корисници на истата инсталација за греење/ладење се видливи и други податоци во апликацијата.
Во случај на сервис, на нашата служба за корисници или на сервисниот партнер овластен од Ваша страна може да им дадете привремен или постојан пристап до инсталацијата за греење/ладење и, во некои варијанти, пристап до Вашите податоци за користењето (вклучувајќи ја и историјата на користење). На тој начин, ова лице добива пристап до сите податоци што сте ги оставиле на располагање.
Користењето на Вашите лични податоци се одвива преку нас или преку маркетиншки компании овластени од нас, за да контактираме со Вас преку е-пошта, насочено известување , пошта или телефон за цели за истражување на пазарот. Правна основа на ова користење е чл. 6 I ѓ од ГДПР. Во секое време може да се спротивставите на користењето на Вашите податоци за маркетиншки цели во иднина.
Добиените податоци статистички се оценуваат во рамките на заштитата на легитимните интереси и се користат за понатамошен развој и решавање проблеми кај нашите производи. Како дел од овој понатамошен развој, податоците ќе се користат само анонимно колку што е технички можно.
Како може да ги избришете Вашите лични податоци?
На ист начин на којшто ни ги ставате на располагање Вашите лични податоци, истите тие лични податоци можете и самите да ги избришете повторно, во секое време. Кога самите си ги бришете своите лични податоци, РЕХАУ нема да задржи копија од избришаните лични податоци. Функциите за кои се собираат личните податоци потоа веќе нема да може да се користат.
Претходниот дел се однесува на личните податоци што се внесуваат во рамки на апликацијата. Доколку дополнително сакате да ја избришете и Вашата корисничка сметка кај РЕХАУ, обратете се кај service.de@support.rehau.com. Имајте предвид дека бришењето на корисничката сметка на РЕХАУ може да ги засегне и другите апликации кај РЕХАУ, на пр. RE.GUARD, до која веќе не би имале пристап.
Откако ќе ги избришете Вашите лични податоци, веќе не е можно да Ви ги доделиме податоците од мерењето што сè уште се зачувани кај нас.
Понатамошни цели на обработката
РЕХАУ подлежи на голем број други законски обврски. Со цел исполнување на овие обврски, Вашите податоци ги обработуваме до потребниот степен и, доколку е потребно, ги доставуваме до надлежните органи во рамките на обврските за известување. Правна основа за оваа обработка е чл. 6 I б. в од ГДПР. Соодветната обработка продолжува да се одвива врз основа на одредбите за задржување на комерцијалните и даночните прописи, во согласност со трговскиот кодекс и даночниот законик.
Доколку сте ни дале соодветна согласност или ова е дозволено во рамките на Вашите легитимни интереси, РЕХАУ исто така ќе ја користи адресата за одржување на односите со клиентите, на пример, за да може да добиете интересни информации за новите производи од областа Паметен дом/управување со греењето. Со цел подобро да им излеземе во пресрет на Вашите желби и да ги прилагодиме нашите производи на Вашите интереси, може да биде неопходно да ги пренесеме Вашите податоци на трети лица.
Во секое време може да ѝ се спротивставите на оваа обработка од причини што произлегуваат од Вашата посебна ситуација, односно во секое време да ја отповикате Вашата согласност без наведување на причините.
Име и адреса на одговорното тело и службеникот за заштита на податоци
REHAU Industries SE & Co. KG
Helmut-Wagner-Str. 1
95111 Rehau
Германија
Службеник за заштита на податоци: datenschutz@rehau.com
Времетраење на чувањето
Ние ги чуваме Вашите лични податоци само онолку долго колку што е неопходно за целите за кои се собрани, односно додека чувањето е уредено со закон или во рамките на службените прописи. Ги бришеме, односно блокираме Вашите податоци веднаш штом тие веќе не се потребни.
Податоците за користењето (податоци за историјата) се бришат најдоцна по 24 месеци.
Податоците за инсталацијата се бришат најдоцна 15 години по завршување на користењето.
Целосно анонимизираните податоци не се бришат задолжително.
Покрај тоа, ние ќе ги избришеме, односно блокираме Вашите податоци непосредно по отповикувањето на Вашата согласност и во случај на оправдано спротивставување на обработката.
Планиран пренос на податоци во трети земји
За целите наведени во оваа Изјава за заштита на податоците, можеме да ги пренесеме Вашите лични податоци на други компании на РЕХАУ. Другите компании може да ги користат Вашите лични податоци во свој интерес за истите цели, како што тоа го правиме ние. Особено, тие може да ги обработуваат Вашите лични податоци за наведените цели во свој интерес. Во рамките на групацијата РЕХАУ, вработените добиваат пристап само до Вашите лични податоци, доколку тоа е потребно за извршување на нивната активност.
Преносот на податоците на филијалите надвор од ЕЕО се одвива или врз основа на одлука за соодветност на Комисијата (чл. 45 ст. 3 од ГДПР) или врз основа на стандардни клаузули за заштита на податоците (чл. 46 ст. 2 б. в од ГДПР), коишто содржат одмерени гаранции за засегнатото лице.
Пренос на податоците на трети страни
Понатаму, можеме да ги откриеме Вашите лични податоци на трети страни надвор од компаниите на РЕХАУ со цел да се здобијат со технички или организациски услуги што можеби ќе треба да ги исполнат наведените цели или други деловни активности. Нашите даватели на услуги имаат договорна обврска да ги обработуваат личните податоци исклучиво по наш налог и според наши инструкции. Исто така, ги обврзуваме нашите даватели на услуги да се усогласат со техничките и организациските мерки што обезбедуваат заштита на личните податоци. Доколку давателите на услуги се лоцирани во земји во коишто важечките закони не предвидуваат заштита на личните податоци споредлива со европското право, договорно ќе се погрижиме засегнатите даватели на услуги да го почитуваат законски пропишаното ниво на заштита на податоците (стандардни клаузули за заштита на податоците). Повеќе информации во врска со ова може да добиете од нашиот Службеник за заштита на податоци.
Вашите права
Самите Вие имате можност да го проверите почитувањето на одредбите за заштита на податоците од страна на РЕХАУ. Ги имате следниве права:
- Право на информации
- Право на информации и приговор
- Право на исправка, откажување и ограничување
- Право на преносливост на податоци
- Право на жалба до надзорниот орган
Доколку имате какви било прашања во врска со овие права од аспект на обработка на Вашите лични податоци, можете да се јавите кај нашиот службеник за заштита на податоци, кој исто така е достапен во случај на барања за информации, предлози или поплаки. Понатамошни информации за заштита на податоците ќе добиете на https://www.rehau.com/mk-mk/rehau-za-zastita-na-podatocite
01.6.2022