РАУФИПРО ИКС – Размислувајте во нови димензии

Направен за авиони. Идеален за Вашите прозорци.


РЕХАУ во 2008 година направи револуција на пазарот за прозорци. Принципот на композитни материјали засилени со стаклени влакна – досега познат првенствено кај авто-трките и авионската индустрија.  – за првпат се користи кај прозорците и ги комбинира најдобрите својства на ПВЦ-то и стаклените влакна во сосема нов материјал.

Време е за продолжение на успешната приказна за РАУФИПРО…

RAU-FIPRO X

РАУ‑ФИПРО ИКС

Со својот удел на стаклени влакна, зголемен за 50% во крилото, РАУ‑ФИПРО ИКС е материјал со високи перформанси со широк спектар на можности и ги проширува познатите предности на РАУ‑ФИПРО за ИКС‑факторот:

X-тра големи елементи

Повеќе светлина, повеќе архитектонска слобода, попријатно чувство

X-тра голема енергетска ефикасност

Извонредна топлинска изолација и економичност

X-тра широк спектар на можности

Максимална слобода на дизајнирање, безбедност и најголема удобност


10% поголеми елементи

Најдобар сооднос меѓу осветленоста и видливоста. РАУ‑ФИПРО ИКС благодарение на уделот на стаклени влакна, зголемен за 50 % во крилото на прозорецот, создава основа за големи димензии. На тој начин, прозорските елементи достигнуваат стабилност и на висина од 2,80 м и може да се реализираат функционално и безбедно – целосно без дополнителни покривни прозорци.

Резултат: уште повеќе природна светлина и поголема архитектонска слобода за пријатно чувство за домот. Исклучително тенките профили дополнително ги зголемуваат прозорските површини.


10 % größere Fenster

700-D081 - 61885

76 % заштеда на енергија

90% од сите рамки изработени од РАУФИПРО ИКС доаѓаат без метално армирање, така што неповолните термални мостови воопшто ги нема. А во комбинација со тројното стакло се постигнуваат Uw-вредности до 0,60 W/m и со тоа се достигнува и до 76 % заштеда на енергијата.


 

24-fache Lärmreduktion

24 пати поголемо намалување на бучавата

Бучавата значи стрес – и не ја сакаме во нашите четири ѕида. Со 24‑кратното намалување на бучавата, Вашиот дом станува оаза на мирот.


700-D083 - 61889

400 различни дизајни

Без оглед дали се кружни, аглести, со или без решетки: Со РАУ-ФИПРО ИКС, дури и најсложените геометрии на прозорците може да се реализираат едноставно. Покрај тоа, програмата КАЛЕИДО КОЛОР нуди огромен избор од варијанти на бои и дизајни. Зависно од саканиот изглед и структурата на површината, се применуваат различни постапки, како лакирање (КАЛЕИДО ПЕИНТ) или ламинирање (КАЛЕИДО ФОИЛ).

Резултат: преку 400 можности за дизајн. Се разбира совршено може да се комбинира различниот изглед на внатрешната и надворешната страна на прозорецот. 

Aluminium-Vorsatzschale KALEIDO COVER

Идеална алуминиумска оптика

Со алуминиумскиот поклопец КАЛЕИДО КАВЕР, прозорците добиваат висококвалитетната алуминиумска оптика – благодарение на универзалниот профил обоен во антрацит, дури и при отворање.

MFF_M_FBF_18_D197 - 47585

Природен изглед со КАЛЕИДО ВУДЕК

Ова е следно ниво на изглед и чувство на дрво: Мат површините не само што се убави за гледање, туку исто така и даваат чувство на реално дрво при допир.


Nachhaltigkeit aktiv leben

АКТИВНА ОДРЖЛИВОСТ

Старите прозорци стануваат нови, иновативни и одржливи прозорски системи – со ист квалитет во споредба со прозорците на РЕХАУ изработени од свеж материјал. Материјалот се чисти, ренда, сортира, облагородува и на крајот се рециклира во внатрешното јадро на новите прозорски профили.

Со тоа уште денес постигнуваме заштеда на CO2‑ до 97.000 тони годишно.


Силен тим: Прозорски систем ГЕНЕО и РАУ‑ФИПРО ИКС

Успехот на РАУ‑ФИПРО е тесно поврзан со нашиот прозорски систем ГЕНЕО. Логична последица: ГЕНЕО е првиот РЕХАУ систем што е достапен со РАУ‑ФИПРО X.

Најважните вредности со еден поглед:

RAU-FIPRO X

Очекувајте повеќе совети и поддршка.

Советување, објаснување, поддршка. Вашите клиенти во денешно време очекуваат повеќе од самата инсталација. Но, нели би било убаво ако исто така би имале лице за контакт за стручна поддршка? Ништо полесно од тоа. Ви стоиме на располагање со нашето портфолио на иновативни производи и услуги. Контактирајте нѐ.

Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.

Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.

An error occured, please try again later. (Form was not sent!)

Сите полиња означени со * се задолжителни и мора да се пополнат пред испраќање на формуларот.

Специјализирани компании во Ваша близина

Најдете сега специјалист за прозорци и реализирајте ги Вашите прозорци од соништата.

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection