50-те лидери за одржливост и климатска заштита во светот
Со децении, компанијата развива и реализира одржливи пристап. Работа, која сега е наградена со вклучувањето на РЕХАУ во изборот на „50 лидери за одржливост и климатска заштита
07.10.2020
Затворените синџири за создавање на додадена вредност, од дизајн на производите па се до нивно рециклирање, кај специјалистот за полимери РЕХАУ, веќе се реалност. Со децении, компанијата развива и реализира одржливи пристапи низ целиот синџир при создавање на додадена вредност. Работа, која сега е наградена со вклучувањето на РЕХАУ во изборот на „50 лидери за одржливост и климатска заштита“ - иницијатива на видео продукцијата и медиумската компанија ТБД Медиа Груп (TBD Media Group) со поддршка од страна на Обединетите нации.
Ресурсите на Земјата се ограничени. Заради тоа, се поважно станува нивното одговорно користење и одржливиот пристап во самите компании. Кампањата „50 лидери во одржливост и климатска заштита“ сака да го сврти вниманието кон овие теми и да им овозможи на компаниите да ја претстават својата посветеност пред меѓународната публика. „Како семејна компанија, РЕХАУ размислува долгорочно и ја презема својата одговорност за идните генерации“, нагласува Вилијам Кристенсен, извршен директор на групацијата РЕХАУ. „Да се биде еден од 50-те лидери за одржливост и климатска заштита, е вистински поттик за нашите 20.000 вработени да продолжат по патот кон поголема одржливост и заштита на климата. Во конкретна смисла, ова значи дека сакаме да станеме пионер во областа на циркуларната економија.
До 2025 година, РЕХАУ планира да ја зголеми стапката на рециклирање во Групацијата на над 15 проценти и во исто време да ги намали емисиите на СО2 за најмалку 30 проценти. "За нас, одржливоста е филозофија што се рефлектира во три централни вредности: Доверба, сигурност и иновација. Ние сакаме да развиеме технички напредок што ги подобрува животите", нагласува д-р Веит Вагнер, Надзорен одбор на РЕХАУ Групацијата. Во производството, може да се заштедат до 88 проценти од емисиите на СО2, со употреба на рециклирани материјали во споредба со нови материјали. Покрај производството на трајни решенија од полимери со заштеда на ресурсите, РЕХАУ се фокусира на висококвалитетна обработка и повторна употреба на пост-потрошувачки и пост-индустриски материјали. Секаде , каде што е активна компанијата - од индустријата за мебел и градежништво па се до автомобилската индустрија - РЕХАУ веќе развива и произведува висококвалитетни производи од рециклирани материјали.
Со потпишување на глобалниот договор на ООН во мај 2020 година, групацијата РЕХАУ, исто така, јасно се посвети на одговорно управување со компанијата и одржливост. „Во сите наши дивизии, ние постојано правиме проценка на нашата стратегија за одржливост“, нагласува Кристенсен. „И постојано се развиваме.
Дополнителни информации и филмот „ РЕХАУ: Поттик на циркуларната економија со силно убедување и мислење на идните генерации “ може да се најдат на www.50climateleaders.com/rehau и Одржливост