863-D054_441488_0 - 441488

Teхника на разделници

Срушете ги рекордите со РАУТЕРМ СПИД

Заштедете 30 % од времето за монтажа кај подното греење, плус 45 % заштеда на времето при инсталацијата на разделникот.

Ова е можно со разделникот за подно греење РАУТЕРМ СПИД, нашето чудо, кога се работи за брзина, бидејќи претходно монтираните СПИД конектори заштедуваат речиси половина од времето за монтажа. Или пак се одлучувате за РАУТЕРМ единици, за индивидуални префабрикувани единици на разделникот, коишто само се распакуваат и се поврзуваат. РАУТЕРМ СПИД претставува само пример на нашата страст за заштеда на време, којашто ја олеснува работата.

Разделник за подно греење

Heizkreisverteiler RAUTHERM SPEED HKV-D P


РАУТЕРМ СПИД HKV-D P: Лесна монтажа благодарение на моно-дистрибутивните цевки

Кај овој полимерен разделник за подно греење, појдовниот и повратен вод се термички разделени во само една моно-дистрибутивна цевка. Благодарение на ова, тој е многу лесен и компактен.

Се фиксира со еден единствен клик во ормарот за разделник. Реверзибилните СПИД конектори, обезбедуваат брз и безбеден приклучок на греен круг.

Предности:

  • Примарен приклучок, одоздола или од страна
  • Можност за брза реконструкција на градилиште
  • Со комплетот за проширување, може да се дополни еден греен круг



Разделник за подно греење Лесен проток (Easyflow): Лесна изведба на хидрауличен баланс

Овој разделник за подно греење, благодарение на самостојна контрола, создава автоматски хидрауличен баланс – за континуирано прилагодување на протокот кон побарувачката.

Предности:

  • Едноставна монтажа
  • Без долготрајно пресметување и поставување
  • За надградба и санирање


Разделник за подно греење HKV‑D

Разделниците на грејни кругови HKV‑D можат брзо, безбедно и лесно да се приклучат на цевките за подно греење со помош на навртки со стезен прстен. Тие се изработени од висококвалитетен не`рѓосувачки челик и се достапни за до 12 грејни кругови, со и без мерач на проток, за поединечно исклучување на грејните кругови.

Ормари за разделници

РЕХАУ ормарите за разделници се наменети за секакви услови, врз малтер, под малтер или за сува градба. Сите верзии се состојат од висококвалитетен челичен лим со бели лакирани предни делови.

Индустриски разделник

Индустриски разделник РАУТЕРМ IM S 32

  • Компактна конструкција, вклучувајќи и интегриран мерач на проток 0‑8 l/min
  • 1¼" приклучок и 2 до 12 излези
  • Поголеми проточни брзини низ разделната базна цевка, којашто хидраулично е еднаква на цевка од 2".
  • Помала тежина = едноставна монтажа

Индустриски разделник од месинг

  • Разделни цевки од месингана цевка 1¼" одн. 1½"
  • Во правец на појдовниот и повратниот вод со KFE-вентил и обезвоздушување
  • Во правец на појдовниот вод - топчести вентили, а во повратниот вод вентили за фино регулирање.
  • Индустриски разделник достапен за приклучок на Еуроконус според DIN EN 16313 или со навртка со стезен прстен за цевка Раутерм С 25x2,3

Контакт

Имате прашања? Вработените во нашите канцеларии за продажба со задоволство ќе Ви помогнат.

Барање за контакт

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection