Изградба на канализација

ITB_0528 - 11910139

Економични решенија за изградба на канализација

АВАДУКТ ПП – комплетна програма за модерни oдводни системи

Модерните одводни системи од цевки, со програма за фасонски елементи, спојки и шахти – треба да бидат издржливи, стабилни, трајно да дихтуваат и да бидат економични. Економични во набавката, монтажата и функцијата. Со АВАДУКТ ПП, трошоците за животен циклус ги имата цврсто на дофат. Со материјалот ПП како материјал што е далеку посупериорен, со отпорноста на удари и самото ракување, во однос на бетонот и каменот, а истовремено е еднаков во однос на издржливоста.

Предности: Трошоците за животен циклус цврсто на дофат

Побрзо планирање со целокупна поддршка

Планирање

ЕДНОСТАВНО ПЛАНИРАЊЕ ДУРИ И ВО ТЕШКИ СИТУАЦИИ НА МОНТАЖА

Идеални за мали длабочини на поставување и исто така големи преклопувања благодарение на соодветната програма за обликувани делови за единствена минимална цврстина на прстенот

СТРУЧНА ПОДДРШКА ВО ПЛАНИРАЊЕТО

  • Пресметки на економичноста
  • Пресметки на статиката на цевките и хидрауликата на цевките
  • CAD-податоци
  • Тендерски спецификации

СО СООДВЕТЕН СОФТВЕР

  • Софтвер за планирање на канализациите Net-san
  • Онлајн пресметувач на статиката

Заштеда на трошоци при транспорт, монтажа и ископ

Изведба

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ТРАНСПОРТ

  • Со помали димензионирани возила
  • Големата отпорност на удар на нашиот материјал ПП штити од оштетување при транспортот.

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА МОНТАЖА
Полесен од бетон или камен, АВАДУКТ ПП се монтира и поставува побрзо.

ЗАШТЕДА ПРИ РАБОТА НА ТЕРЕН
Планирањето на шахтите во согласност со потребите ги намалува неопходните работи на терен со редуцирани димензии.

Долги временски периоди помеѓу тендери, помали трошоци за сервисирање, одржливо и долгорочно

Работа

МАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ОТПИШУВАЊЕ

  • 100 години животен век, атестиран од Државна стопанска институција Нирнберг
  • Шахти и спојки: 100 % Трајна заптивност , благодарение на слободното дихтување шахтата, како и системот за безбедно заклучување

ЗАШТЕДА ПРИ ТРОШОЦИТЕ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ

  • Докажана отпорност на продор на корења на целиот систем,
  • pH-отпорност и безбедност од корозија со примена на 100 % полипропилен

ДОЛГОРОЧНОСТ БЕЗ ПОТРЕБА ОД ОБНОВА
Благодарение на големата статичка и динамичка отпорност, опремен за постојано растечкиот обем на сообраќај.

10 ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА
10 години гаранција, вклучително и трошоци за монтажа и надградба – 1 партнер за гаранција

ОДРЖЛИВА ИНВЕСТИЦИЈА 
Ние сме прва компанија во областа на нискоградбата, која е одликувана со злато (Cradle to Cradle) за системите на канализациски цевки АВАДУКТ ПП СН10 (SN10) и АВАДУКТ ХПП СН16 (HPP SN16)

Економичност од сам почеток

Целото свое искуство го инвестиравме во чувствителните производи: Висока отпорност на динамика, земајќи го предвид растечкиот обем на сообраќај. Одпорност на пробивање на корени, која станува сè поважна со оглед на зголемената густина на засадени дрва. Димензионирање на шахтите, со цел заштеда на трошоци и простор. Отпорност на шахтите, со цел да се избегнат санирања. Соодветни програми за фасонски елементи, за  сигурни и долготрајни решенија за канализацијата, дури и со помали длабочини на поставување и големи оптеретувања. А бидејќи сме уверени во нашиот систем, ние нудиме 10 години гаранција вклучително трошоци за монтажа и надградба, согласно условите на Гарантниот сертификат на РЕХАУ.

Потенцијал за штедење на канализациската шахта

37 % заштеда на трошоците кај пластичните шахти

Во текот на животниот циклус, заштедувате повеќе од една третина од трошоците, кога инвестирате во ПП-шахти, бидејќи најголемиот удел, паѓа на трошоците за санирање и одржување. Поголемите трошоци за набавка на пластичните шахти што сочинуваат само 10 % од вкупниот обем на проектот, во споредба со тоа, се навистина занемарливи. ПП-шахтите во целост ги покажуваат своите предности.


-37% 
Заштеда на
трошоци

ITB_0541 - 19196970

Динамичка отпорност – средство против оштетувања во канализацијата

Според студијата на ДВА (DWA) за состојбата на канализацијата во 2009 година, со 37 %, оштетувањата на капаците и рамките се најчеста штета на бетонските шахти. Динамички оптоварени, со оптоварувања од тркалата на возилата до 10 t – двојните оптоварувања предизвикани од камион – силите кај пластичната шахта се странично се пренасучуваат преку почвата. На тој начин, успешно се одбегнуваат, трошоците за санирање.

Безбедна инвестиција: Дихтува, безбедна против пловење и долготрајна – со гаранција

100 % дихтување е овозможено од, неоптовареното дихтување на шахтата, комбинирано со нашиот систем за дихтување со безбедно заклучување. Пасивниот отпор на ребрата за вкрутување, ги држи нашите АВАШАХТ (AWASCHACHT) И безбедни во тлото, дури и во случај на повисоко ниво на подземни води. pH-отпорноста и безбедност од корозија, како сите наши производи од чист полипропилен без полнење, ги одржува нашите АВАШАХТ (AWASCHACHT) И  100 години, што е атестирано од Државна стопанска институција Нирнберг. Поради тоа ние даваме 10 години гаранција вклучително трошоци за монтажа и надградба, согласно нашиот Гарантен сертификат.



10 
години
гаранција

Одржлива инвестиција

Одржливи производи за одржлива градба – тоа е нашиот интерес. Поради тоа, посебно сме горди, дека во целиот свет како прва компанија во областа на нискоградбата, за нашиот систем на канализациски систем АВАДУКТ ПП добивме сертификат (Cradle to Cradle) со статус „Злато“.

Тоа значи дека, инвестирате во одржливи производи со најдобри состојки, како и енергетски ефикасно производство со висока стапка на рециклирање.

На овој начин ги произведуваме нашите канализациски цевки, без речиси никакви емисии на CO2 и со 100 % еколошка електрична енергија. Со малата тежина, во споредба со бетонот или каменот, како и децентрализираните центри за логистика, при транспортот заштедуваме значително многу. Ова, заедно со животниот век од најмалку 100 години сертифициран од ЛГА (LGA), ги прави нашите системи за канализациски цевки одржлива алтернатива во изградбата на канализацијата.

MTB_M_IFAT_16_D049 - 6589867

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection