Геотермија
Греење со топлина од длабочината на земјата
Бесплатен извор на енергија
Греење со бесплатен извор на енергија, независно од цените на суровините, политичкиот развој и кризи – а притоа и еколошки прифатливо. Тоа е геотермија.
Два принципа: Од површината или од длабочината на земјата
За добивање на енергија сондите ја користат топлината на земјата на длабочина од околу 300м, додека колекторите собираат топлина од горните слоеви на земјата.
Имате прашања? Нашите експерти со задоволство ќе Ве советуваат.
Преглед на нашите системи за користење на геотермалната енергија:
РАУГЕО геотермална сонда
РАУГЕО геотермален колектор
РАУГЕО геотермален столб
Вградена во длабочина од 300 m, РАУГЕО Пекс А (PE-Xa) green, ефикасно ги искористува константните температури на длабокото тло, за добивање енергија. Големa предност: Нејзиниот груб надворешен слој во комбинација со нашиот материјал за пополнување обезбедува дихтување на системот, кој не е возможен кај конвенционалните геотермални системи.
Области на примена:
- Греење и ладење во комбинација со топлинска пумпа
- Free-cooling (бесплатно ладење), или таканаречено пасивно ладење на просториите за живеење
- Одржување на отворени површини без мраз, со греење на мостови или рампи
- Акумулирање на топлина во тлото, во комбинација со сончева термална енергија или други извори на енергија
- Оптимално за комбинацијата со површинско греење и ладење или темперирање на бетонското јадро
Предности:
- Системот на сонди ги задоволува највисоките безбедносни одредби
- Најниска спроводливост на водата за најдобар ефект на топлина
- 10 години гаранција (види гарантен сертификат РАУГЕО Пекс А (PE-Xa), Бр.на печат 827510)
Овој хоризонтално поставен геотермален колектор, добива топлина од подрачје во тлото кадеѓто нема мраз, на длабочина од околу 1,5 m. Колекторот РАУГЕО Пекс А (PE-Xa), е отпорен на механички оштетувања, дури и при терет во една точка. Поради тоа, може да биде вграден во земја и без неопходна промена на почвата, доколку таа е полна со остри предмети и камења. На овој начин значително се намалуваат трошоците за инсталација, бидејќи самата промена на почвата, е скап процес.
Кога побарувањата за отпорност на оптоварување во точка и постојаност на температурата се помали, РЕХАУ нуди и геотермални колектори од PE100 и PE100‑RC.
Области на примена:
- За греење во комбинација со топлинска пумпа
- Применливост на површини со големина од 200 m²
- Поволно поставување со вообичаени градежни машини
- Може да се инсталира на каменити почви без песочна постела
- Оптимално за комбинирање со површинско греење
Предности:
- Можност за поставување до ‑30 °C
- Подобрена ефикасност преку можност за повторна употреба на ископаниот материјал
- Не подлежи на одобрување
- Геотермален колектор РАУГЕО колект Пекс А (PE-Xa)
Геотермалните или енергетските столбови во модерната високоградба исполнуваат двојна функција: Како столбови за дупчење кај тло со слаба носивост, тие се користат за градење структури, а подоцна служат како енергетски столб со интегрирани колекторски водови за употреба на површинската геотермалната енергија. Благодарение на својствата на висока отпорност на материјалот и особено малиот радиус на свиткување, РАУГЕО колект Пекс А (PE‑Xa) цевките совршено се погодни за примена кај енергетските столбови.
Области на примена:
- Покривање на основното енергетско оптоварување со енергетско
- Активирање на темелите на објектот кои и без тоа се потребни
- Греење и ладење во комбинација со топлинска пумпа
- Free‑cooling (бесплатно ладење), или таканаречено пасивно ладење на просториите за живеење
- Оптимално за комбинацијата со површинско греење и ладење или темперирање на бетонското јадро
Предности:
- До 50 % побрзо поставување благодарение на телескопската технологија
- До 10 % зголемен капацитет на повлекување
- Оптимизирано отклонување на цевките
- Нема шевови – нема слаби места
- Геотермален столб РАУГЕО
Со топлинска спроводливост од околу 2,0 W/mK и отпорност на мраз врз основа на DIN 52104-A, РАУГЕО фил е идеален материјал за пополнување.
Достапен како:
- РАУГЕО фил црвен
Термички подобрен материјал за пополнување што е отпорен на мраз, со топлинска спроводливост од околу 2,0 W/mK и ефикасност од околу 1,0 to/m³ - РАУГЕО фил син
Материјал за пополнување што е отпорен на мраз со висока ефикасност од околу 0,7 to/m³ - РАУГЕО фил бел
За едноставни барања
Контакт
Имате прашања? Вработените во нашите канцеларии за продажба со задоволство ќе Ви помогнат.