860-D315_161863_0 - 161863

Греење и ладење во нестанбени објекти

Економични решенија за големи површини

Едноставна инсталација, без потреба од одржување

Без оглед дали станува збор за префабрикувани плафонски ладења или претходно изработени модули за темперирање на бетонското јадро – нас нè движи заштедата на времето при вградувањето и монтажата, бидејќи од тоа профитираат сите: Вие како изведувач добивате повеќе време за други проекти, а инвеститорот останува во рамките на времето и буџетот.

Индустриско подно греење: Секогаш вистинското решение со 3 системи

Нашите системи за темперирање на бетонско јадро (БКТ) поентираат со издржливи материјали како на пример со нашата РАУТЕРМ С‑цевка, Пекс А (PE‑Xa) и технологијата на спојување без O‑прстен, која што е трајно заптивна и се користи без отвор за ревизија. Со брзата и едноставна монтажа, овие системи заштедуваат драгоцено време на градилиште: Како систем за поставување на лице место, како префабрикувани модули или како модули за поставување во готови бетонски делови.

БКТ поставување на лице место

  • Флексибилно приспособување на БКТ-круговите на геометријата на зградата
  • Променливи должини на БКТ-круговите
  • Едноставно поставување на цевките
  • Променливи монтажни растојанија
  • Единечна или двојна меандра

БКТ-модули

  • Брза монтажа
  • Испорака точно навреме
  • Променливи димензии на модулите
  • Стандардни и специфични геометрии

БКТ-модули за инсталација во готови бетонски делови

  • Производство независно од временските услови
  • Ефикасно и економично сериско производство
  • Без нарушувања во градежниот процес
  • Постојано висок квалитет на изведба, со помош на индустриски готова конструкција

БКТ во близина на површината

  • Високи перформанси на ладење
  • Огноотпорност
  • F120 согласно DIN 4102-2
  • REI120 согласно DIN EN 13501-2
  • Квалитет на изложениот бетон

Темперирање на бетонско јадро: Секогаш вистинското решение со 3 системи

Без потреба за одржување и поволно при експлоатација

Големиот удел од зрачењето и нискиот температурен профил на цевките РАУТЕРМ С, инсталирани во подот, ги намалуваат трошоците за работа на системот. Со можност за реализација како индустриско подно греење во армиран бетон, во неутрална позиција и во челични бетонски влакна, нашиот систем е исто така погоден за алтернативни извори на енергија и/или користење на отпадна топлина.

Предности:

  • Рамномерен температурен профил
  • Ниска циркулација на прашина како резултат на мало движење на воздухот
  • Ниски трошоци при експлоатација  
  • Без трошоци за одржување

Подно греење за спортски подови: Темпериран спортски под во 4 варијанти

Загревајќи голема површина, нашето подно греење за спортски подови, создава пријатна  температура во салата: Како систем на подно греење за спортски подови со индустриски разделник, со цевен разделник, како систем за сува градба со спортски под со еластична површина или со разграничувачки слој кај плоча со челични влакна.

Предности:

  • Наменето зЗа дополнително реновирање на подната конструкција без отстранување на подното греење, бидејќи конструкцијата на спортскиот под и подното греење се раздвоени.
  • Брза и лесна монтажа со поставување со претходно перфорирана изолација и флексибилни РАУТЕРМ С цевки
  • Енергетски ефикасна, рамномерна температура во салата без собирање на топлина под покривот на салата, а со тоа помала загуба на топлина низ покривот

Греење на отворени површини: Без снег и мраз, дури и при студено време

Нашето греење за отворени површини ги одржува без снег и мраз: улиците, патеките, рампите, хелиодромите и пешачките зони. Опцијата за користење на алтернативни извори на енергија ги прави еколошки погодни, поволни за реализација и одржување.

Предности:

  • Поставување под бетонски плочи и под сврзувачки малтер
  • Брза и лесна монтажа, благодарение на флексибилноста на Пекс А (PE-Xa) РАУТЕРМ цевките
  • Ниски трошоци за одржување поради комбинацијата на цевката РАУТЕРМ С со техника на спојување со подвижни навлаки
  • Поставувањето во форма на меандра, обезбедува рамномерен температурен профил
  • Безбедни растојанија на поставување со употребата на РАУФИКС шини или РАИЛФИКС шини

Греење на тревни површини: Водечки систем на светскиот пазар

Нашиот успех зборува за себе: Благодарение на нашиот систем, повеќе од 360 стадиони и терени за тренинзи ширум светот може да се користат дури и во екстремни ладни или влажни услови.

Предности:

  • За природни и вештачки тревници
  • Испорака точно навреме
  • Се монтира брзо и едноставно
  • Специфични должини на котурите од цевки, наменети за објектот, без остатоци на должини
  • Точно прицврстување на цевките, со системот РАИЛФИКС за рамномерно загревање на игралиштата
  • Претходно изолиран разделник, според Тихелман за намалување на загубата од топлина

Контакт

Имате прашања? Вработените во нашите канцеларии за продажба со задоволство ќе Ви помогнат.

Барање за контакт

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection