Одржливост РЕХАУ
Ние сме одговорна компанија
Како компанија, секогаш сме размислувале долгорочно и за идните генерации. Затоа, одржливоста ја направивме да биде составен дел од нашата корпоративна стратегија. На овој начин, сакаме да покажеме одговорност кон луѓето и околината.
РЕХАУ учествува во иницијативата 50 лидери во одржливост и климатска заштита
Како компанија, секогаш сме размислувале долгорочно и за идните генерации. Одговорно користење на ресурсите, трајни и иновативни производи и одржливи инвестиции се дел од нашата ДНК. Горди сме што сме дел од иницијативата: 50 лидери во одржливост и климатска заштита, како една од 50 водечки компании, кои спроведуваат сериозни мерки, со цел своите деловни модели да ги направат поодржливи.
Иницијативата 50 лидери во одржливост и климатска заштита, обединува водечки компании ширум светот, кои покажуваат желба да преземат ефективни активности во борбата против климатските промени.
Дознајте повеќе: www.50climateleaders.com
Што движиме ние:
29 %
Заштеда на СО2 (2018 во споредба со 2009 година)
12 %
Квота на рециклирање на вкупна тонажа (2018)
97.000 t
Заштеда на СО2 со рециклирање стари прозорци во рамките на производството на прозорци (2018)
90 %
Стапка рециклирање на повратните материјали во рамките на производството (2018)
65 %
Од пакувањата се изработени од одржливи материјали (2018)
17 %
Заштеда на електрична енергија (kWh / kg) (2018 во споредба со 2009 година)
20 %
Нашите фабрики се снабдуваат со електрична енергија од обновливи извори на енергија (2018)
31 %
Заштеда на вода (2018 во споредба со 2009 година)
Нашите главни теми
Кружна економија, начин на снабдување со енергија, кој е неутрален кон климата, промовирање на различностите - ова се нашите централни теми на патот кон уште поголема одржливост. Ние не правиме отстапки - дури ни во оние области за кои е потребен посебен напор. За РЕХАУ, ова е единствениот начин за постигнување на траен успех - да се зачува квалитетот на животот на планетата за сегашните и идните генерации. Во согласност со нашето ново мото: Инженерски напредок. Подобрување на животoт.
При нашето делување кон одржливост, ние се раководиме од целите за одржлив развој на Обединетите нации:
Одржлив раст
Одржливиот профитабилен раст е дел од мисијата РЕХАУ. Во овој поглед, одлучувачки се два фактори: од една страна, здрав раст е можен само ако ја подобриме профитабилноста во секоја дивизија. Сакаме да постигнеме одржлив раст со иновативни производи и решенија кои ги задоволуваат потребите на пазарот и недостатокот на ресурси.
Долгорочно: годишен раст од 1 до 3% во просек
Промовирање на различноста
Иновативната сила лежи во различни перспективи. Ние ја цениме и промовираме различноста на мешаните тимови и сакаме да ја направиме уште поважна за сите вработени, без оглед на возраста, полот, потеклото или статусот. Главен приоритет за нас е да обезбедиме еднаков третман. Една од целите ни е да го подржиме унапредувањето на жените на раководни позиции.
Зголемување на процентот на жени на раководни позиции од 10% на 15% до 2025 година (во споредба со 2016 година)
Напредок на кружната економија
Одговор на ограничените ресурси и обврската за намалување на емисијата на СО2 на производите на долг рок, може да се најде само во кружната економија. Ова значи дека материјалите, кои може да се рециклираат, да се одржуваат во кружниот циклус, со што ќе има помалку отпад и помала потрошувачка на енергија. За таа цел, ние дополнително ќе ги прошируваме надворешните партнерства, мрежи и услуги.
Зголемување на нашата стапка на рециклирање од 11% на 15% до 2025 година (во споредба со 2016 година)
Форсирање на климатска заштита
Со иновативно, мрежно снабдување со енергија, ќе дадеме свој придонес за позитивно спротивставување на климатските промени. Нашата цел е дополнително да ги намалиме апсолутните емисии на СО2 во нашите фабрики во Европа. Со години ја зголемуваме енергетската ефикасност на нашите производствени капацитети преку широк спектар на мерки и го зголемуваме учеството на зелена елекрична енергија. Постојано ја зголемуваме употребата на обновливи енергии.
Намалување на нашите емисии на СО2 за најмалку 30% (во споредба со 2018 година)