Heizen, Kühlen und Lüften

Греење, ладење и вентилација


Најдобра подршка на лице место: Нашата мрежа

Во вашиот регион имаме канцеларии за продажба, кои со задоволство ќе одговорат на сите ваши прашања и ќе понудат помош при изработка на понуди.

Најдете лице за контакт



Ефикасна клима во станбени објекти– инсталирана на време и во рамките на буџетот

Термичка удобност, комфор во дизајнот и ниски работни трошоци - ова се нашите спецификации за подно греењe во станбени објекти. Поради тоа, развиваме интелигентни решенија, кои ја оптимизираат енергетската ефикасност и се архитектонски впечатливи  – за деловни згради, едносемејни или повеќесемејни куќи, станбени комплекси или деловни простории. Ова е предноста за клиентите.

Предност за Вас: голема брзина на градилиште

Нашите системи за новоградба и реновирање на објекти имаат: докажан квалитет, максималната безбедност и концепти на монтажа, кои заштедуваат време. Така се гарантира побрза изведба на самата градба.

BAU-D442 - 19883065

Пример: РАУТЕРМ СПИД – нашиот брз систем кој може да го изведува само 1 човек
Со нашето подно греење РАУТЕРМ СПИД со самолеплив систем, за куќи, дуплекси и згради, за една недела ќе опремите 3 наместо 2 едносемејни куќи:

  • 30 % пократко време за поставување, благодарение на самолепливиот систем
  • Прецизно поставување и истовремено сигурно позиционирање на цевките
  • Можност за поставување со само 1 човек и без алат

РАУТЕРМ СПИД – брз во секоја примена
За временски критични градилишта, во висококвалитетна станбена и комерцијална градба, развивме РАУТЕРМ СПИД со подлога Варионова. Сите профитираат од брзото поставување и извонредната проодност.

За проектирање препорачуваме РАУТЕРМ СПИД со Такер-плоча, која ќе го забрза поставувањето на големи површини. Друга предност: Висококвалитетните Такер-плочи ги обединуваат звучната и топлинската изолација како и фиксирањето на цевката во една компонента.

Уште поголема заштеда на времето 
Меѓу другото, со соодветните разделници за подно греење и РАУТЕРМ ЕДИНИЦИТЕ за регулирање, уште еднаш го скратувате времето за монтажа на грејната инсталација за до 45 %.

Дознајте повеќе


Регулатор на собна температура НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0): Штеди енергија, удобен, еколошки

Приходот од продажбата на технологијата за паметни куќи (Smart Home технологијата) ќе изнесува околу 5,3 милијарди евра во 2022 година*. Затоа треба да го користите НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0) – регулаторот на собна температура уште денес, со кој флексибилно ги покривате барањата за регулација на системот за површинско греење/ладење. Од регулирање на собна температура во едно-семејни домови, до комплексни решенија за до 60 простории.

Дознајте повеќе

* Статиста ДМО (Statista DMO: Smart Home Report 2017)


РЕХАУ системи за површинско греење и ладење за под

Во нашето портфолио на производи ќе најдете многу други системи: За големи површини, голема носивост, за новоградба и модернизирање или реновирање на историски објекти.

Ѕидно греење и ладење: насекаде удобно

Греење и ладење во опсег на ниски температури. Со оваа варијанта, ѕидовите во просторијата се активираат термички – и кај објекти мкои се реновираат. Идеална за комбинација со геотермија.

Дознајте повеќе

Wandheizung und -kühlung


 

Геотермија и проветрување на објекти: Идеално дополнение, за енергетски ефикасна градба.

Геотермална енергија: Ниски работни трошоци и висока ефикасност

Користењето на геотермалната енергија сè повеќе ги уверува градителите. Ниските работни трошоци и високата ефикасност ја прават геотермјата идеално решение: Во приватното подрачје, во комбинација со системите за подно греење и во комерцијалната градба, како извор на енергија за темперирање на бетонското јадро.

Проветрување на објекти: Донесете свеж воздух во објектот

На сите простории, објекти и луѓе кои престојуваат во нив, потребен им е свеж воздух – и колку што е поголем објектот, колку повеќе луѓе живеат или работат таму, толку повеќе свеж воздух е потребен. Со АВАДУКТ Термо се вложува во одржливо, енергетски ефикасно решение за вентилација на објекти.


 

Ладење и греење во нестанбени објекти

0001DAC1_1735_0 - 1735

Плафонско ладење во сува изведба: Префабрикувано и се монтира побрзо

РЕХАУ плафонското ладење, за термичко активирање на таваните, е систем за кој се поставува сува изведба. Соодветно е за ладење и греење, за станбени и нестанбени објекти.

Темперирање на бетонско јадро: Брза монтажа и издржливост

РЕХУ системите за темперирање на бетонско јадро (BKT) поентираат со издржливите материјали. Со брзата и едноставна монтажа, се заштедува драгоцено време, во фазата на изведба. Како систем за поставување на лице место, како префабрикувани модули или како модули за поставување во готови бетонски делови.

Системи за греење за индустриски, спортски објекти и отворени површини

Флексибилност, ниски трошоци за работа и удобна контрола на температурата – ова ги одбележува и другите системи за подно греење на РЕХАУ:

  • Индустриско подно греење, без потреба од одржување
  • Подно греење за спортски подови во 4 изведби
  • Греење на отворени површини, со цел избегнување на мраз и снег
  • Греење на тревници


Документи за превземање


Контакт

Имате прашања? Вработените во нашите канцеларии за продажба со задоволство ќе Ви помогнат.

Најдете лице за контакт


Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection