Поради тоа што од денешна перспектива не може да се предвиди запирањето, па макар и успорувањето на климатските промени кои во моментот се случуваат, во проектирање на објектот и внатрешните инсталации, мора уште од сега свесно и серизно да се земат во предвид надворешните климатски услови. Имајќи го тоа во предвид, термичкото активирање на градежни конструкции (БКТ) како систем кој може да грее и лади, е важен дел при одржливо проектирање и одржлива градба – градба ориентирана кон иднината .
Во објектот е инсталиран систем за термичко активирање на меѓуспратната конструкција, со што цевките се поставени во долната зона на армираната бетонска плоча и системот функционира како таванско ладење. Инсталирани се околу 11 000 метри цевка РАУТЕРМ С 17х2.0. Ладењето е безшумно, пријатно и рамномерно распространето во целиот простор.
Рамномерната температура на површините во просториите кои се ладат со системот за термичко активирање на градежни конструкции, обезбедува исклучителна термичка удобност. Поради отсуството на конвективниот начин на оддавање на топлина, кај површинските системи за ладење, струењето на прашина и штетни материи не постои. Од ова произлегува дека просториите кои се ладат со систем на термичко активирање на градежни конструкции, од здравствен аспект, треба да се квалификуваат на повисоко ниво од просториите кои се ладат со конвенционалните системи и уреди за ладење.
Подното ладење се користи како дополнителен систем за ладење, со цел покривање на целосните потреби за ладење на објектот.
Како извор на енергија за ладење ќе се користи енергијата на подземната водата од бунари кои се наоѓаат во непосредна близина на објектот. Бунарската вода, директно преку изменувач ја предава енергијата на медиумот кој струи во системот, без употреба на друг извор на енергија ( Free - Cooling).
Со овие системи на греење / ладење се обезбедува стабилна и континуирана температура помеѓу 20 и 26 °C текот на целата година, без големи осцилации на температурата што придонесува до поголема ефикасност на самиот систем и поудобен престој во објектот.
Дополнително на ова, пасивниот принцип на ладење или т.н. „Free – Cooling“, како што кажува и самиот назив обезбедува ладење на објектот со незначителна потрошувачка на енергија.