Подно греење: често поставувани прашања
Имате уште прашања? Овде ќе најдете одговори на тема површинско греење и ладење
Колку простор е потребен за системите за површинско греење?
Системите за површинско греење и ладење се скоро невидливи. Тие се инсталирани во подот, ѕидот или таванот и на тој начин заштедуваат простор. Визуелно, тие исчезнуваат целосно таму каде што се инсталирани. Ова носи огромна слобода во дизајнирањето на вашиот дом – благодарение на специјализираните системи за реновирање со особено мала висина на вградување исто така и при модернизација на објектот.
Дали е можно да се инсталира површинско греење / ладење во сите објекти?
Системите за површинско греење и ладење се погодни за скоро сите објекти. Без оглед дали станува збор за нова зграда, реновирање или посебен случај, како што е поткровје: површинското греење е секогаш добра одлука. Најголемите можности за уредување природно се појавуваат во нови згради, бидејќи секоја просторија може однапред индивидуално да се испланира. Подно греење во бањата, греење на таванот во спалната соба и греење на ѕидовите во дневната соба - нема ограничувања за слободата на уредување.
Дали инсталацијата на системот за површинско греење е комплексна?
Инсталацијата на системот за површинско греење / ладење е брза, безбедна и лесна за изведба од страна на стручни лица. Сите компоненти се дизајнирани за секојдневна работа на градилиштата, така што проблемите дури и не се појавуваат. РЕХАУ нуди целосен систем во кој сите компоненти се вклопуваат едни на други - предност како при инсталацијата така и при самото функционирање на системот!
Какви видови инсталација има?
Површинското греење / ладење на РЕХАУ може да се инсталира во вашиот дом на различни начини. Започнувајќи со класичното, подно греење, преку поставување на ѕид па се до тавански системи. Без разлика кој тип на инсталација ќе изберете: секогаш има специјализирани системи за новоградби и реновирање, за мокра и сува изведба. На овој начин површинското греење на РЕХАУ се прилагодува на вашите потреби - а не обратно!
Дали системите за површинско греење се погодни за лица кои страдаат од алергија?
Да, површинското греење е дури и особено пријатно за лица кои страдаат од алергија. Рамномерната распределба на топлината во просторијата не дава можност за движење на прашина и бактерии во просторот, како што е случај кај другите системи за греење. Системите за површинско греење овозможуваат воздухот да се смири и со тоа да се намали процентот прашина во воздухот. Ова значително ги намалува поплаките од луѓе кои се алергични на прашина.
Кои цевки се користат за површинското греење на РЕХАУ?
За својот систем за површинско греење РЕХАУ ги користи докажаните цевки РАУТЕРМ СПИД (RAUTHERM SPEED) и . Благодарение на високо-квалитетниот материјал „Пекс А“ (PE-Xa), од кој се изработени, цевките се отпорни на притисок,непропустливи за кислород и се робусни. Техниката на поврзување со подвижна навлака, создава безбеден систем за површинско греење.
Кои подни облоги можам да ги комбинирам со површинското греење / ладење?
Во основа, нема ограничувања во изборот на подот. Керамички плочки, текстилни подови, паркет или пластични облоги се можни опции. Површинското греење најдобро се прилагодува со камени, клинкери или керамички подови. За да се осигурате дека подот е погоден за подно греење / ладење, треба да се користат подни облоги кои се одобрени за подно греење од страна на производителот на подната облога.
Дали системите за површинско греење работат со висока температура на водата?
Не! За разлика од радијаторските системи, системите за површинско греење на РЕХАУ бараат значително пониски температури на водата за да ја загрејат просторијата. Системите за радијатори бараат температура од приближно 70 °C, но на системите за површинско греење им е потребна температура на водата од само приближно 35 ° C. Принципот е јасен: на поголема површина за греење е потребна помалку топла вода. Ова не само што заштедува енергија, туку е добро и за околината и притоа ја зголемува удобноста во просторот на живеење! Поради умерените влезни температури на работниот медиум , површинското греење / ладење може многу добро да се комбинира со обичните генератори на топлина.
Дали РЕХАУ обезбедува соодветен прибор за системот за површинско греење?
Да. РЕХАУ како понудувач на комплетни системски решенија за површинко греење нуди широк опсег на потребни системски елементи. РЕХАУ може да обезбеди сè што ви треба за оптимално користење на површинско греење / ладење, од цевки, до различни системи за полегнување, па се до системи за регулирање на температурата во одделните простории.
Може ли да поставам индивидуална температура за удобност во секоја просторија поединечно?
Да, многу е лесно. Со контролорот на просторијата НЕА од РЕХАУ и прецизно приспособената технологија за разделници и регулирање на температурата, можете индивидуално да ја поставите посакуваната температура во секоја одделна просторија. Регулаторот е лесен и интуитивен за употреба. Дополнително на ова, регулаторот има и атрактивен дизајн, за кој ја освои наградата за црвена точка за дизајн (Red Dot Design) во 2013 година.
Од март 2020 година, поставувањето на вашата индивидуална удобна температура ќе биде уште полесно. Новиот регулатор на температура НЕА СМАРТ 2.0 инспирира со своите паметни функции. Автоматски се прилагодува на однесувањето на своите корисници, автоматски ја обезбедува вистинската температура во секое време и заштедува до 20% во трошоците за енергија. Благодарение на технологијата геофенсинг, тој знае кога сопствениците се на пат кон дома. Рачната контрола се одвива или на самиот уред, преку говорна контрола или во кое било време и од било каде преку апликација. Со две бои црна и бела и дискретно светлечка светлосна рамка, не би посакале ништо дополнително во однос на дизајнот.
Со кого можам да контактирам ако сум заинтересиран/а за системот за површинско греење и ладење на РЕХАУ?
РЕХАУ соработува со специјализирани компании (Авторизирани Рехау Партнери) за изведба на системи за површинско греење и ладење. Едноставно контактирајте со нашиот РЕХАУ Авторизиран Партнер во вашиот регион, тој со задоволство ќе ве советува!
Контакт
Дали имате прашања во врска со нашето подно греење? Со задоволство ќе ве советуваме.
Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.
Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.
An error occured, please try again later. (Form was not sent!)