РЕХАУ дивизијата за прозорски решенија е еден од добитниците нан наградата „German Brand Award 2021“, изјави жирито на овој познат натпревар во Берлин. РЕХАУ дивизијата за прозорски решенија ја доби оваа награда за проектот „РЕХАУ дигитален саем“ во категоријата „Брендирани настани, саеми и изложби“.
Под насловот „Виртуелно искуство на саем. Нова идеја. Нова реализација“ РЕХАУ дивизијата за прозорски решенија го пријави својот проект „РЕХАУ дигитален саем“ за една од престижните награди на „German Brand Award 2021“ (GBA). Жирито во Берлин, во рамките на овогодинешното доделување на наградите, соопшти дека РЕХАУ е еден од победниците.
РЕХАУ дивизијата за прозорски решенија е победник на „German Brand Award 2021“ (GBA). Глобалниот директор за маркетинг, Петер Котцур, и неговиот тим, уверливо го презентираа „РЕХАУ дигиталниот саем“ и неговиот концепт, пред членовите на жирито за категоријата „Брендирани настани, саеми и изложби“ во рамките на напреварувањето „Исклучителност во стратегија, создавање на бренд, комуницирање на бренд“, како модуларна алатка за доживување на брендот. „Оваа награда е одлична потврда за нашето работење и таа ја зајакнува РЕХАУ дивизијата за прозорски решенија, во нејзиниот пристап за доследна работа на процесите на дигитализација, а со тоа и еден од суштинските фактори за успех во нашата бранша – одржлив успешен однос со купувачите.“, изјави Петер Котцур.
„РЕХАУ дигиталниот саем“ создава простор за нов вид на деловно работење и деловни односи помеѓу продажното одделение и купувачите. Така настануваат реали искуства со брендот во „новото нормално“ опкружување – независно од времето и местото. Брендот и купувачот меѓусебно и понатаму се развиваат и комуницираат во обете насоки. Целта е долгорочна, успешна соработка на темелите на индивидуална интеракција“, додава Котцур.
Сето тоа успеа ди го убеди жирито на напреварот „German Brand Award 2021“ (GBA) и доведе до успех на проектот „REHAU digitalni sajam“.