BAU-D530_01 - 84301740

Системи за подно греење за постоечки објекти

РАУТЕРМ СПИД плус ренова: Самолеплив систем, специјалeн за реновирање

Постоечките празнини обезбедуваат директен спој на нивелирачкиот слој со долната подлога, што овозможува најниска вкупна градежна висина на вградување од 16 mm. Освен тоа, може да се поставува на најразлични видови површини, а со тоа е најпогоден за реновирање.

Предности:

  • Вкупна градежна висина на вградување од 16 mm
  • Може да се поставува на најразлични видови површини
  • Зависно од слојот за нивелирање, проодно веќе по 90 минути
  • Едноставна распределба на подлогата без преклопувања

РАУТЕРМ СПИД плус систем за ниска изведба: Кога секој милиметар се брои

Системот за ниска изведба на самолеплива основа, овозможува најниска вкупна висина на вградување од 41 mm без изолација. Состоејќи се од самолеплива цевка, РАУТЕРМ СПИД плус самолепливата подлога и нивелирачки слој Кнауф N 440, тој е погоден за сите вообичаени видови на површини.

Предности:

  • Најниска вкупна висина на вградување од 41 mm без изолација
  • Вкупна висина на вградување од 51 mm со изолација
  • Погоден за сите видови површини
  • Слој за нивелирање Кануф N 440, прооден по само 5 часа

Систем за реновирање 10: Идеален за реновирање

Може да се постави на постоечки плочки и порамнувачки естрихIn
Во комбинација со течни маси за нивелирање и порамнување, особено е погоден за реновирање на мали простории во живеалиштата, бидејќи овој систем може да се постави на постоечки плочки или порамнувачки естрих.

Предности:

  • Екстремно ниска висина на поставување, со користење на маса за порамнување според спецификации од производителот
  • Брза и флексибилна инсталација на шини, благодарение на технологијата на полегунвање со натакнување и тоа без алат
  • Безбедно фиксирање на цевките со задржување на монтажните растојанија според стандардите, кое обезбедува висок квалитет и безбедност при инсталација

Подлога за полегнување РАУТАК 10

Многустран систем за полегнување на цевките.
Екстремно рамен. Апсолутно безбеден. Сосема едноставен.

Многустраниот систем, е идеален за реновирање, благодарение на ниската монтажна висина. Во новите градби, РАУТАК 10 се поставува едноставно, на веќе постоечка изолација. Ова значи целосно одвојување на градежните работи: порамнувачкиот слој обезбедува обична и звучна изолација, а инсталатерот само го поставува РАУТАК 10.

Подлогата за полегнување на цевката може да се постави врз изолација од минерална волна, со подобрен коефициент на звучна изолација до 34 dB, како и врз конвенционална изолација ЕПС или ПУР. При реновирање, самолепливата подлога може да се постави директно на цврсти, носечки и чисти подови.

Систем за сува градба: Кога треба да се изработи брзо, едноставно и лесно

Благодарение на многу краткото време за полегнување, малата висина на поставување и малата тежина, системот за сува градба е наменет за реновирање.

Предности:

  • Брза изведба на должините, на плочите за полегнување, со помош на интегрирани предодредени точки на кршење
  • Ниска висина на поставување
  • Со својата мала тежина, посебно е погоден како систем за санирање на историски објекти.  
  • Може да се примени и за подно греење на спортски подови со еластична површина.

Базична плоча TS-14: Ниска висина на поставување и висок квалитет

Со висина на поставување од само 25 mm, краткото време на завршување и малата тежина, нашата базична плоча е најпогодна за проекти на санирање.

Предности:

  • Соодветно за греење и ладење, во станбени и нестанбени објекти
  • Идеално за историски објекти поради малата тежина
  • Без подигнување на топлоспроводливите ламели или цевките
  • Мало разбранување на температурата

Контакт

Имате прашања? Вработените во нашите канцеларии за продажба со задоволство ќе Ви помогнат.

Барање за контакт

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection