Претходно планирање

Планирање на канализациската мрежа во согласност со потребите

Вашиот пат до канализациска мрежа, во согласност со потребите со АВАШАХТ (AWASCHACHT)  ПП DN 1000 - 800 - 600

Не мора секоја шахта да биде 1.000! На пазарот се препознава силен тренд на сè поретко влегување во шахти. За чистење и контрола зголемено се користи техника на камери и роботи. Со семејството АВАШАХТ (AWASCHACHT)  со DN 1000, 800 и 600 од висококвалитетен полипропилен, РЕХАУ, за секоја канализациска мрежа нуди решение, кое е прилагодено на потребите. Споредено со вредностите на планирањето во кое се применуваат исклучиво шахти со номинална ширина DN 1000, трошоците за материјалот може да се намалат за до 30%. Значителен потенцијал за заштеда, дополнително претставуваат скапите работи на теренот и монтажата на шахтите.

ITB_0384_01 - 48462462

Нашиот центар за планирање, поддржува при планирањето на канализацијата во согласност со потребите!

Ваш контакт:

Петер Фишер
Тел.: 09131/92-5732
Е-пошта: peter.fischer@rehau.com

Хидраулика на цевките

Со задоволство ќе помогнеме во пресметка на димензии на цевките, според DWA A 110 и DIN EN 752.

  • Се земаат во предвид делумното, односно целосното пополнување, градиентите, протокот, дијаметарот и рапавоста во работењето
  • Одредување на брзината на протокот

Испратете ни го пополнетиот прашалник по е-пошта.

Статика на цевките

Што може програмата за пресметка?

  • Статичка пресметка на цевоводи од цевки од вештачки материјали според  ATV-DVKW A 127
  • Се земаат во предвид различните дијаметри и типови на цевки.
  • Се земаат во предвид најразличните случаи на оптеретување и  однесување со тлото на кое се вградува.

Предности:

  • Оптимално димензионирање на цевководот
  • Поддршка при избор на соодветни цевки од страна на компетентен тим од специјалисти

НОВО: Готова статика на цевката за само 5 минути!

Со онлајн-алатката, уверението за статика, ќе биде достапно веднаш, како PDF и може да се зачува, испрати или испечати

  • Достапно нон-стоп
  • Едноставно ракување
  • Не е потребна регистрација
  • Бесплатно
  • Без време за чекање

Отвори го пресметувачот за статика на цевката

Погледнете го накратко видеото со објаснувања како функционира алатката за пресметка:

Статика на шахта

Што може програмата за пресметка?

  • Статичка пресметка на АВАШАХТ (AWASCHACHT)  ПП DN 1000 согл. ATV-DVWK A127
  • Се земаат во предвид,  различните услови за градба, ситуации на монтажа и случаи на оптоварување
  • Одредување на однесување при деформација

Предности:

  • Уверенија од РЕХАУ, дека избраниот систем на шахти, одговара на локалните услови за време на монтажа и работа
  • Детална и разбирлива пресметка

Побарајте го нашиот прашалник за статика на шахтите по е-пошта.

Пресметка на шахти

Што може програмата за пресметка?

  • Пресметка на отпорност на потисок на АВАДУКТ ПП DN 1000
  • Се зема во предвид триењето на шахтата со околниот материјал со променливи агли на триење
  • Индивидуална пресметка за поединечните структури на шахтите со референца на објектот

Предности:

  • Доказ од РЕХАУ дека избраниот систем на шахти може да издржи големи сообраќајни оптоварувања
  • Пресметка, која се однесува на објектот, на вистински монтираните шахти наместо „Примерок пресметка“

Испратете е-порака до нашите лица за контакт

Со само неколку кликови до CAD-цртежот

Олеснето претходно планирање

За да го олесниме претходното планирање, ја прошируваме нашата понуда на услуги. Со само неколку кликови, веднаш може бесплатно да се превземат CAD-цртежи за канализациски цевки, додатни делови и приклучни системи преку Heinze CAD-менаџерот:

www.heinze.de/cad-manager

Оваа услуга нуди бројни предности. На пример, гасоводот во случај на ограничен простор, подобро може да се прикаже и планира, со помош на скици за компонентите. Со соодветно прецизно планирање, може да се заштедат материјал и време за градба. Корисниците, се во состојба да пресликаат какви било градиенти или разлики во надморската височина и на тој начин да го испланираат гасоводот на најдобар можен начин. Друга предност е дека може да се конструираат посебни градби и посебни додатни делови. По потреба, во консултација со РЕХАУ, може да се изработат специјално за соодветниот градежен проект.

Побарајте понатамошни информации за скиците, преку е-пошта.

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection