Паметна заштита од провала за прозорци и врати

Паметната заштита од провала од РЕХАУ,  треба да ги заплаши провалниците, уште пред да настане штета.  Акустичкото предупредување и светлосните сигнали се вклучуваат, кога некое лице само ќе се приближи до прозорецот. Ако некој се обиде да го отвори прозорецот со сила, ова се спречува, со затворање на ролетните или со активирање на сирена на алармот - во зависност од тоа како е поставена паметната заштита од провала на РЕХАУ.

Сепак, не е исклучителен само производот, туку и самото негово создавање. Паметниот систем е резултат на соработката помеѓу дизивизијата за прозорски решенија (WS),  одделението за иновации ‘‘UNLIMITED X’’, како и платформата за дигитализација. На крајот на 2016 година, одделението за прозорци, се занимаваше со прашањето: Како би изгледал прозорецот на иднината и какви функционалности може да ги има? Заедно со претставници на „smartREHAU“ – тимот, од кој подоцна настана лабораторијата за иновации ‘‘UNLIMITED X’’ - се разви идејата за паметна заштита од провала. На тој начин се роди денашната паметна заштита од провала на РЕХАУ, која воедно беше и првиот проект на ‘‘UNLIMITED X’’.

Идејата понатаму ја развиваше интердисциплинарен тим. Мајкл Леман, архитект за иновации во ‘’UNLIMITED X’’, објаснува: „Наша задача беше да бидеме разбрани на пазарот, идејата што е можно побргу да премине во прототип и да се развие заеднички концепт на производ и деловен модел. Беа собрани повратни информации од клиентите, беа анализирани идеите и бројките и развиен деловниот план. Дивизијата прозорски решенија (WS) беше одговорна за техничката имплементација и промовирање на пазарот, со детално познавање и искуство. Клучен фактор во целиот процес беше соработката со: одделот за набавки, платформата за дигитализација и експертите за дигитални технологии.

Smart Guard

80% од сите провали се одвиваат преку лесно достапни врати или прозорци. Бидејќи ГЕНЕО ИНОВЕНТ (GENEO INOVENT) проветрува со затворен прозорец, тој не само што ја намалува бучавата за 16 пати, туку и значително го намалува ризикот од провалување.

Покрај тоа, новата интелигентна апликација од РЕХАУ помага да се забележи обид за насилно влегување преку прозорците. Алармниот систем на прозорците, РЕХАУ Смарт Гард, (РЕХАУ Smart Guard) ги одвраќа провалниците во неколку фази, за да не направат механичка интервенција.

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection