Светлина од ролна
Ултра тенки, транспарентни и флексибилни - овие атрибути ги карактеризираат иновативните ‘’OLED’’ светла. Како дел од Европската програма ’’’‘Lyteus’’ ‘’, со вкупно 14 партнери, полимерскиот специјалист РЕХАУ, делува како т.н. „лансиран клиент“, т.е. како пилот клиент. Заедно со познати компании како што се ‘’AUDI AG‘’, ‘’Pilkington ‘’ и ‘’emde design ‘’, полимерскиот специјалист, со своето знаење дава подршка во прилагодувањето на пилотската линија, која е во фаза на изработка според потребите на пазарот и клиентите. Целта е иновативната технологија за осветлување ‘’OLED’’, да се направи достапна за компаниите од сите големини, со цел брзо и економично да се подготват производите за пласирање на пазарот. Истражувачките активности се поддржани од Комисијата на ЕУ преку јавно приватно партнерство на Фотоника со вкупно 14 милиони евра.
Со овој проект РЕХАУ се впушти во пазарот на печатена електроника. Со нашето знаење во обработката на вештачки материјали, ние се обидуваме да ги интегрираме OLED фолиите во кант траки и профили “, објаснува д-р-инж. Констанце Ранфелд, Корпоративно истражување и развој / Напредни технологии во РЕХАУ. Ако проектот успее, овие профили би можеле да ги осветлат кабините на авионите како нацрт за дизајн, на пример. Покрај тоа, напредните OLED-филмови,базирани на вештачки материјали и поради тоа доста флексибилни, можат да се користат за во многу области на примена. Специјалистот за полимери, исто така, гледа можна употреба во автомобилската индустрија. РЕХАУ ја демонстрира новата слобода во дизајнот, користејќи го примерот на својата технолошка ‘’Smart Backend’’. На задниот дел од возилото, фолиите беа спирално интегрирани во светлата, создавајќи уникатен визуелен ефект. Интеграцијата на OLED во производите РЕХАУ совршено се вклопува во стратегијата на компанијата. Целта на компанијата е континуирано да се развива: Полимерскиот специјалист инвестира во иновативни технологии со цел да може да им обезбеди на своите потрошувачи висококвалитетни производи.
Сепак, поради интензитетот на цените и ограничената достапност, технологијата сè уште не е соодветна за масовниот пазар: ‘’OLED’’ може да станат светла на иднината. Како прво, истражувањето треба да се продолжи и да се намали цената, потенцира Ранфелд. ‘‘Lyteus’’ ги поддржува компаниите да се затвори овој недостаток. Разбирлива е интеграција и во прозорците. „Стакла кои се транспарентни во текот на денот и ја осветлуваат просторијата во вечерните часови се сон за иднината“, објаснува инвеститорот.
За ‘‘Lyteus’’
‘‘Lyteus’’ се залага за решенија и услуги на највисоко ниво. Проектот се фокусира на пилот производство на флексибилни OLED светла, за специфични клиенти, и се фокусира на примена во областа на автомобилската индустрија, дизајнерското осветлување и примена во воздухопловството. Координиран од центарот Холст, ‘‘Lyteus’’ собира 14 компетентни партнери од пет европски земји: AUDI AG, Centre for Process Innovation (CPI), VTT, Fraunhofer, M-Solv, FlexEnable, DuPont Teijin Films, Brabant Development Agency (BOM), REHAU, emde design, Pilkington, Coatema Coating Machinery und AMIRES. ‘‘Lyteus’’ е иницијатива на јавно приватно партнерство за Фотоника, која е финансирана од програмата за истражување и иновации „Хоризонт 2020“ на Европската унија, според договорот за грант бр. 688093 (проект ПИ-СКАЛЕ) со придонес од 14 милиони евра.