Ласери за обработка на вештачки материјали

MP-D119_339637_0 - 339637

Иновативни технологии во индустријата за мебел

Ласерското заварување, обележувањето и сечењето се основни процеси за РЕХАУ, при обработка на вештачки материјали.

Ласерското заварување користи две компоненти, кои се поврзани едни со други, за да се одржи геометријата и димензиите. Горниот партнер за заварување е транспарентен за користената ласерска бранова должина, долниот ги апсорбира брановите. Поради испровоцираната топлина и притискањето на двата партнери заедно, материјалитете се топат на контактната точка – и се создава спој со заварување. Ласерското заварување овозможува спој  на различни видови вештачки материјали за кратко време. Кај обоени вештачки материјали, можни се невидливие споеви со заварувањето се можни дури и поради малата зафатена зона. РЕХАУ користи главно процес на заварување со контури и симултано заварување. Сепак, за секој дел од вештачи материјали се користи конкретен процес.

За идентификација на производот, РЕХАУ применува ласерски ознаки со големина од само неколку милиметри, со голема точност. Во зависност од својствата на користениот полимер, може да се создадат различни ефекти и контрасти. Обоена промена во вештачките материјали се добива на пример  со пенење или карбонизирање. Промената на бојата не е неопходно видлива со ласерско гравирање, но гравирањето е видливо како контраст на различно структурирани површини. Означувањето со ласер е многу прецизен процес и овозможува обележување на отпорност на абразија и ознаки со висок контраст. На тој начин ознаката станува станува дел од производот и служи за обележување на цевки и екструдирани профили.

Ласерското сечење е целосно без контакт и овозможува прецизно и квалитетно сечење. Не се потребни други алати, како што се ударни глави или матрици. За одредени материјали и композитни материјали, ласерското сечење е единствениот економичен начин на обработка, особено за мали количини. РЕХАУ користи ласерска сублимација при ласерско сечење, во конфекцијата на браници,  за да се постигнат висококвалитетни рабови.

Дизајн на мебел преку ласерска технологија

Посебен процес, во кој се користи ласерот е ласерското заварување на канттраките во индустријата за мебел. До сега, канттраките беа лепени со употреба на лепила и топлина. На тој начин останува видлива фуга од лепакот, како визуелен дефект. Со новиот процес на ласерско заварување, РЕХАУ создава потполно нив начин на лепење без леплива врска помеѓу плочата и канттраката. Полимерната канттрака е изградена во два слоја за ласерско обложување: функционалниот слој нанесен на задниот дел е изработен од специјален полимер, кој одговара на основната боја на канттраката. Функционалниот слој се топи со високо ефикасен ласер, течниот полимер е закотвен на плочата и се создава постојана врска без фуги. Со овој нов процес, РЕХАУ поставува стандарди за квалитет и дизајн на мебел.

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection