Нови материјали за 3Д печат
Производтветните процеси со адитиви се засноваат на слоевита структура на материјалот. Поради нивната голема варијабилност и ефикасност на материјалот, овие технологии нудат можност за редизајнирање на пластични производи. Ветувачка област на примена на производствените процеси со адитиви е производство на пластични компоненти со голем волумен, кои се произведуваат во серии и со тоа или треба да се произведат со голем мануелен напор или се поврзани со високи трошоци за алати. Заради ограниченост во материјалите и процесите за овој начин на производство, досега има само ограничена палета на производи.
До крајот на 2022 година, новите термопластични материјали за 3Д печат на компоненти со голем волумен, треба да бидат развиени и достапни како дел од истражувачкиот проект финансиран од ЕУ МАТ-ЛААМ. Мал тим експерти за материјали, во моментов работи на оваа задача во погонот РЕХАУ во Велен. „ Tехнологијата ‘’Large Area Additive Manufacturing (LAAM)’’ може да се прошири со полимерни материјали кои се оптимално прлагодени за овој процес“, ја подвлекува важноста на проектот Др. Едгар Квант, директор за јавно финансирање и односи со науката.