Рециклати на вештачки материјали за нови производи
Историјата на вештачки материјали е вистинска успешна приказна. Денес животот би бил речиси незамислив без вештачки материјали. Секоја година во светот се обработуваат околу 250 милиони тони од нив. Покрај бројните предности од кои, на пример, придобивките во областа на здравјето, енергетската ефикасност и снабдувањето со вода за пиење, секако има и прашања за одржлива набавка и рециклирање на суровини. Веќе подолго време, РЕХАУ се посветува на употреба на одржливи материјали, како што се природни влакна или биополимери и ја промовира темата рециклирање.
Повторната употреба на рециклирани материјали е работа на техниката. Покрај тоа, РЕХАУ има воспоставено производни процеси, со кои, помалку квалитените рециклани може повторно да се оплеменат и подобрат и да се користат што е можно поефикасно. Само во 2010 година, над 29.000 тони наш сопствен повратен материјал, како и купен материјал за рециклирање, беше користен во градежништвото и индустријата. Во споредба со термичкото рециклирање, емисиите на CO₂ се намалени за 60.000 тони. Во 2011 година, вредноста на емисија на CO₂ беше уште пониска, вели Д-р Стивен Шмит, раководител на одделот C-R + D напредни материјали
Рециклирање: Профили за прозори
Поради неговите посебни својства, ПВЦто е идеален за употреба во пластични прозорци. Дури и по долгиот живот на прозорецот, ПВЦ сè уште не е ‘’потрошено’’. Наместо тоа, како висококвалитетeн рециклат, тој се враќа во животниот циклус на нов прозорец и со тоа придонесува за позитивна еко-ефикасност на системот за ПВЦ прозори. Повеќе од 40 години, РЕХАУ ги повлекува остатоците од профилите од производителите на прозорци и ги воведува во производство на нови профили. Како член на „Rewindo“, здружението на водечките германски производители на пластични профили и заедничка иницијатива за рециклирање, РЕХАУ е исто така посветен на рециклирање на стари профили на ПВЦ прозори.
Рециклирање: Цевки за заштита на кабли
Кабелските канали изработени од полипропилен и полиетилен, полегнати во земја, се користат за заштита од штетување на водовите за напојување со енергија и комуникацијата, но и како класични водилки за кабли и повеќеслојно полегнување на кабли. Полипропилен и полиетилен се материјали со добра еколошка рамнотежа: цевките се хемиски неутрални и по употреба може лесно и целосно да се рециклираат во вредни суровини. РЕХАУ ги собира материјалните остатоци од сопствениот инвентар и отпадот од други добавувачи при производство на нови цевки за заштита на кабли. Во 2010 година тоа беа добри 4.000 тони.
Рециклирање: Браници
Притисокот на трошоците и недостигот на петрохемиски ресурси, доведуваат до зголемена употреба на рециклирани материјали во областа на автомобилите. Основните предуслови се: стабилно ниво на квалитет и достапност за времетраењето на моделот на автомобилот. РЕХАУ ги исполнува овие барања, на пр. преку разумна повторна употреба на лакирани надворешни делови. На пример, браниците, со специјални процеси за рециклирање се одделуваат од лакот. Во зависност од идната примена, за која се рециклираат, се применуваат и различни процеси за рециклирање.
Една од целите е да се искористи материјалот, добиен на овој начин, во други компоненти од истата серија на моделот, со цел да се обезбеди долгорочна достапност.