Било тоа да е ракетата Ариане за вселенски истражувања, греењето на теренот на Берлинскиот Олимписки стадион или метрото во Каиро: REHAU know-how и техничката експертиза може да се најде во сите нив. Прилагодливоста и јаката основа заснована на вредности, ја претворија семејната компанија во денешното семејство на компании, кои ќе продолжат да инвестираат во одржлив раст. Фокусот е на атрактивните пазари со потенцијал за раст. Да споменеме два примера: компанијата моментално се проширува во Африка, каде што неодамна купи јужноафриканска компанија, и во Мексико: Како понатамошен пресврт во интернационализацијата, REHAU ќе отвори производствен погон за индустријата на мебел во декември со цел да се задоволи зголемената побарувачка на REHAU производи во Северна и Централна Америка.
The REHAU Way
75 години вредности, промени и визии
17.01.2024
- REHAU ја прославува својата 75-годишнина од постоење на компанијата
- Од семеен бизнис до семејство на компании.
- Меѓународни инвестиции за одржлив раст
„Engineering progress. Enhancing lives." е слоганот на REHAU. Со своите иновативни производи и системски решенија, компанијата ги подобрува животите на луѓето. REHAU сега ја прославува својата 75-годишнина. Заедно со своите вработени, REHAU гледа назад, но пред сé, групата гледа напред.
Основата на успешната приказна на REHAU е поставена од основачот на компанијата Хелмут Вагнер во 1948 година во баварскиот град со исто име, кога во просториите на франконската фабрика за кожа, тој, двајца мажи и една машина почнале да ги заменуваат конвенционалните материјали со полимери, и постојани ги подобрувале. Надградувајќи ги вредностите на довербата, доверливост и иновации, тој создал успешен бизнис. Во 2000 година, неговите синови Јобст Вагнер и д-р Вајт Вагнер го презедоа раководството на компанијата како претседател, односно како потпретседател, и постојано ја развиваа понатаму во насока на денешните подгрупи. Во 2021 година, Јобст Вагнер го предаде претседателството на д-р Вајт Вагнер и премина на функцијата потпретседател. Со Нилс Вагнер како шеф на REHAU New Ventures, третата генерација е претставена како водечка позиција во групата. Во 2021 година, на 95-годишна возраст почина пионерот и визионер Хелмут Вагнер.
Денес, групацијата REHAU е едно меѓународно семејство на претпријатија со 190 локации низ целиот свет, со повеќе од 20.000 вработени, и годишен обрт од повеќе од 4,5 милијарди евра. Со Meraxis, REHAU New Ventures, RAUMEDIC, REHAU Automotive и REHAU Industries, компанијата обединува пет подгрупи под еден покрив. Рецептот за успех е пионерскиот дух, силната основа заснована на вредности и способност за приспособување. Покрај размислувањето надвор од кутијата, ДНК на групата вклучува рамнотежа помеѓу искуството и храброста да се преземат ризици и не помалку значајно, подготвеноста за континуиран понатамошен развој.
Д-р Вајт Вагнер, претседател на групата REHAU, е убеден: "Промената обезбедува плодна основа за нови идеи и иновации, кои нас не прават конкурентни на долгорочен план."
REHAU го екструдираше првиот полимерен прозорски профил уште во 1958 година. Во 1987 година, компанијата ја претстави првата технологија на подвижни навлаки за поврзување на цевки и оттогаш продаде милијарда единици. Денес, секој трет автомобил во Европа содржи компоненти од специјалистот за полимери. 400.000 километри на REHAU микро кабел поврзуваат луѓе низ целиот свет. И со поднесувањето на приближно 100 патенти годишно, REHAU е еден од најдобрите апликанти за патенти во Германија.
Со тоа, компанијата ја оформува иднината колку што е можно поодржливо, бидејќи одржливоста е цврсто закотвена во процесот на стратешкото донесување на одлуки. Уште во 1950-тите, REHAU повторно воведе полимерен отпад во своите производствени процеси. На крајот на 1980-тите, компанијата, исто така, иницираше развој на концепти за oдложување на отпад. Денес, циркуларната економија, перспективниот енергетскиот дотур и промовирањето на различноста се клучни корпоративни теми кои го отвараат патот за уште повеќе одржливост. REHAU има за цел да ја зголеми количината на рециклати во производството на 20% до 2025 година. Повеќе од половина од профилите за прозорци на REHAU веќе содржат до 75 проценти рециклиран гранулат. А до 2035 година, компанијата има за цел да има CO2-неутрално производство низ целиот свет. Ова веќе е спроведено на одредени локации. Така, за следните генерации, REHAU работи со силен компас низ границите на компанијата кон една одржлива и иновативна иднина – во согласност со слоганот " Engineering progress. Enhancing lives"